Насловна Индустриска Aвтоматика
PDF Print E-mail


.

GSM DRAWING

 

GPRS & SMS КОМУНИКАЦИЈА

 

 

"АЛЕС" врши изработка на различни типови на системи за аквизиција на податоци, каде нивна основна задача е да ги приберат податоците и соодветно да ги обработат и складираат за понатамошно користење. Податоците можат да бидат од најразлична природа, пример податоци поврзани со параметри од некоја средина како што се воздушен притисок, влажност, осветленост, температура и слично. Овие системи имаат примена во метеоролошките центри, медицинските центри, производните процеси и уште многу други. Системите може да се во еден дел како целосен независен систем или пак во два дела каде едниот дел служи за прибирање на податоци, од различни сензори и најчесто се наоѓа оддалечен од вториот дел кој служи како систем кој ги обработува податоците до крајна состојба, ги запишува во база на податоци и соодветно ги прикажува на крајниот корисник. Kaj oние кои што се во два дела, податоците кои што се прибираат може да се пренесат бежично преку (SMS комуникација) каде тие ќе се прикажат на мобилен телефон или преку (GPRS комуникација) каде тие ќе се прикажат на компјутер и ќе се зачуваат во база на податоци за подоцнежна обработка и приказ. При GPRS комуникацијата  се користи мобилната мрежа, преку која се пристапува на Интернет за да се испратат податоци од еден независен уред на друг компјутер, со што се обезбедува далечинско раководење и мобилност. Со функционалноста на овие системи, а посебно со далечинското раководење и мобилноста се олеснуваат многу дејности и се усовршуваат многу процеси.

 

 

 


 

 

ales i unitronics

.

 
Copyright © 2017 Ales. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.