Насловна За нас


.

About-us-image

 

"АЛЕС"

е компанија на пазарот во Македонија и пошироко која со својата професионалност нуди листа на производи и услуги  од областа на индустриска автоматика, изведба на електрични инсталации, изработка на разводни ормари, проектирање и греење. Основана е 1995 во Скопје, Република Македонија. Компанијата располага со современо обучен кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет, квалитетен инжинерски тим како и добро обучени извршители со квалификации по соодветни фази на работа. Во текот на своето постоење, "АЛЕС" континуирано го зголемува бројот на клиенти како и на вработени. Започна како мала компанија со големи идеи и за кратко време успеа да најде начин да ги понуди своите решенија и производи на пазарот. Уште од самиот почеток компанијата беше комплетно фокусирана кон принципот за квалитет на производите и највисоко ниво на почитување кон партнерите и клиентите, нешто кое што придонесе, и покрај силната конкуренција, таа да се одржи како лидер на пазарот. Компанијата се прошири и со нов работен погон од највисоки стандарди во околина на индустриската зона (Населба Илинден). Мисија на компанијата е преку навремено и квалитетно решение да се задоволат највисоките потреби кај клиентите и инвеститорите. Сметаме дека квалитетот на производството е основното начело на кое се темели нашата работа.

.

 
Copyright © 2017 Ales. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.