Насловна Индустриска Aвтоматика


.

plc  scada resenija

 

PLC & SCADA РЕШЕНИЈА
 
 
 

PLC & SCADA системите играат важна улога во сите индустриски гранки се со цел да се намали времето кое е потребно да се произведе еден производ, да се подобри неговиот квалитет и да се намалат трошоците. Многу значаен аспект при нивното користење е можноста со нив да се обезбеди висок степен на сигурност за квалитетот на производот, според претходно дефинирани карактеристики и степен на квалитет, со што секундарно се постигнува поголема економичност и задоволување на регулативите на регулаторните тела. "АЛЕС" нуди целосни решенија во делот на проектирање, програмирање на програмабилните логички управувачи, изведба на системите за управување, пуштање во работа, монтажа и спојување на елементите кои се дел од управувачкото коло, визуелна и функционална проверка на опремата за автоматика и подесување на параметрите на системите за оптимален старт и режим на работа.

 

Проектирање

  • Спецификација на Функции

             - Архитектура на систем

             - Функционалност

             - Податоци

             - Интерфејси на систем

             - Капацитет на систем

  • Дизајн на Хардвер

             - Еднополни шеми

             - I/O Листа

             - Листа на опрема

             - Листа на кабли

  • Дизајн на Софтвер

            - Скалест Дијаграм

 

Изведба

  • Изработка на разводни ормари

           - Ожичување и испитување со сите потребни елементи на управување, енергетски елементи во согласност со изработената проектна                    документација

  • Изработка на електрични инсталации 

          - монтажа и спојување на елементите кои се дел од управувачкото коло

 

Тестирање и Пуштање во Работа

  • Проверка на функционалноста на системот

         - Тестирање на инсталираните елементи и опрема

         - Тестирање на работата на системот

  • Пуштање во работа на системот

         - Подесување на параметрите на системот за оптимален старт и режим на работа

 

Oбука

  • Обука на клиентите за работа со системот

         - Изработка на упатства за работа и обука

ales i unitronics

.

 
Copyright © 2017 Ales. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.