Грејачите за бојлери се користат како помошен извор на топлинска енергија за комбинираните бојлери со два топлински изменувачи или пак со еден топлински изменувач.Тие се произведуваат со моќност од 9 kW, а имаат опција да работат како 3, 6 или 9 kW во зависност од големината на бојлерот, бидејќи се состојат од 3 грејачи х 3 kW. Тие имаат регулационен термостат за вклучување/исклучување на електричните грејачи, заштитен термостат и црвена сијалица како индикатор за тоа дали се вклучени или исклучени грејачите.

Грејачи за бојлери

– Моќност: 9 kW (3 x 3 kW)
– Напон: 230 V AC/380 V AC, 50 Hz
– Индикатор: црвена сијалица
– Еднополен регулационен термостат
– Заштитен термостат на 110 °C (рачен ресет)
– Материјал на цевка: инокс или бакар (по избор) 
– Пречник на цевка Ø: 8.1 mm
– Прирабница: 5/4″, месинг
– Приклучни терминали: М4
– Димензии: d = 415 mm (други димензии по нарачка)