„АЛЕС“ во своето портфолио нуди целосни решенија за автоматизација на системи за греење, ладење и вентилација (HVAC) почнувајќи од едноставни и компактни решенија за јавни и деловни објекти до сложени решенија за индустриски објекти. Нешто што се разликуваме од другите е тоа што имаме обучени експерти во делот на изработка на проекти, изработка на софтвер за управување (PLC-Programmable Lоgic Controllers), изработка на софтвер за визуелизација (SCADA-Supervisory Control and Data Acquisition) и валидација во согласност со Добрата Производна Пракса (GMP-Good Manufacturing Practice), Annex 11 и 21 CFR Part 11 стандардите. Нашите решенија обезбедуваат максимална ефикасност и најдобри можни перформанси на системите, како и комплетен валидационен пакет за чисти соби (clean rooms) за фармацевтски компании, здравствени установи и компании за производство на електронски елементи. Ние ја користиме „V-модел“ методологијата за да бидеме сигурни дека автоматизацијата и валидацијата ќе биде успешна. Методологија помага да испорачаме предвидлива, навремена и во рамки на буџет автоматизација која обезбедува брз повраток на инвестицијата и ги задоволува барањата на клиентите.

Системи За Греење, Ладење & Вентилација (HVAC)

Проектирање

  • Спецификација на Функции
    – Архитектура на систем
    – Функционалност
    – Податоци
    – Интерфејс на систем
    – Капацитет на систем
  • Дизајн на Хардвер
    – Еднополни шеми
    – I/O Листа
    – Листа на опрема
    – Листа на кабли
  • Дизајн на Софтвер
    – Изработка на софтвер за управување (PLC)
    – Изработка на софтвер за визуелизација (SCADA)

Изведба

  • Производство и изведба на разводни ормари
  • Изведба на електрични инсталации

Пуштање во Работа & Валидација

  • Проверка на функционалност на систем
    – Тестирање на инсталирани елементи и опрема
    – Тестирање на I/O сигнали
    – Тестирање на работа на систем
  • Пуштање во работа
    – Подесување на параметри за оптимален старт на работа
    – „As Built“ документација (изведбен проект)
  • Валидација
    – Инсталациона Квалификација (Installation Qualification)
    – Оперативна Квалификација (Operational Qualification)
    – Перформансна Квалификација (Performance Qualification)

Обука

  • Обука на клиентите за работа со системот
    – Изработка на упатства за работа и Go Live обуки