ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Електричниот систем за греење (електричен котел) се користи како основен или помошен извор на енергија за станбени, деловни и индустриски објекти. Тој обезбедува централно греење како и другите типови на котли со таа разлика што тој не согорува гориво како што е гас или екстра лесно. Секаде каде што не постои инфраструктура за централно греење или греење на природен гас многу брзо и лесно може да се искористат неговите предности, односно да се врши загревање на објектот користејќи електрична енергија.

Електричниот систем за греење (електричен котел) има голем број на предности и тоа:

– Безбедност
– Комфор
– Пониски цена на системот и трошоци за негова инсталација во однос на други системи за греење
– Бесшумна работа
– Едноставен кориснички интерфејс
– Лесен за одржување
– Помали димензии во однос на други системи за греење
– Заштита на животна средина

Димензионирањето на електричниот котел зависи од топлинските губитоци на објектот, односно од неговата површина, топлинска изолација, просторна ориентација и температура во просторијата. За да може да дефинирате колкава моќност на електричен систем за греење (електричен котел) ви е потребен користете го следниов калкулатор:

Во Република Северна Македонија има двотарифно мерење на електричната енергија, односно ниска тарифа и висока тарифа. Трошоците за потрошена електрична енергија ќе зависат од тоа во која тарифа повеќе работи електричниот котел како и од температурата која ќе се одржува во објектот. Доколку се користи 12 kW електричен котел за загревање на објектот и температурата која ќе се одржува во објектот ќе изнесува 23 °C, тогаш неговата потрошувачка ќе изнесува:

Pr = hef * P * Dm
Pr = 4 * 12 * 30
Pr= 1440 kWh
каде
Pr – потрошувачка на електричен котел
hef – ефективни работни часови на електриниот котел (бројот на работни часови е земен врз основа на долгогодишното искуство)
P – моќност на електричниот котел
Dm – број на денови во месецот

Сега врз основа на цената на електрична енергија и во зависност од тоа во која тарифа се ефективните работни часови на електричниот котел може да се пресмета колку ќе изнесува сметката за потрошена електрична енергија. Потрошувачката може да биде различна доколку бројот на ефективни работни часови е различен од тој во пресметката и температурата која ќе се одржува во објектот е исто така различна од таа што се користи во пресметката.

Пред започнување на грејна сезона задолжително треба да се проверат следниве работи:
1. Проверка на притисок во системот (Притисокот треба да биде од 1.5 bar-1.7 bar. Доколку тој е под 1.5 bar, тогаш системот треба да се дополни со вода).
2. Откако ќе се провери притисокот дали е во дефинираните граници потребно е да се вклучи пумпата и да се провери нејзината работа. Често се случува поради долго неработење на електричниот котел пумпата да заглави и да биде потребно таа рачно да се заврти. Доколку пумпата е заглавена веднаш исклучете ја, земете штрафцигер и  одвртете ја завртката (во лево) на пумпата како што е прикажано на сликата.

Потоа со истиот штрафцигер во внатрешниот дел каде што ја извадивте завртката има уште една завртка која треба да се заврти еден до два круга (во десно). Откако ќе го направите тоа вратете ја завртката што ја извадивте и вклучете ја пумпата. 
3. Доколку имате тајмер-термостат поставен во некоја од просториите треба да проверите дали тој ви е правилно подесен за секој ден од неделата.
4. По проверка на претходните 3 работи може да ги вклучите грејачите од електричниот котел

Електричниот котел може да се вклучува и исклучува преку мобилен телефон со помош на дополнителен уред – smartphone термостат или GSM модем. Со негова инсталација вие може да го загревате вашиот дом само кога е потребно, односно во зависност од вашиот променлив распоред.

Поставете Прашање