GSM модемот претставува програмабилен уред за вклучување и исклучување на системите за греење и ладење се со цел да се одржува температурата во просторот во дефинирани граници.. Тој може да се подеси да го вклучува/исклучува греењето или ладењето преку едноставно праќање на SMS порака од вашиот мобилен телефон. Кога модемот ќе ја прими пораката за вклучување или исклучување ќе испрати на вашиот мобилен телефон повратна порака дека тој ја извршил зададената функција. За да може да се користи потребно е да се земе prepaid или postpaid картица од некои од нашите телекомуникациски оператори. Неговите предности се тоа што тој може да се користи во станбени, деловни и индустриски објекти каде не постои интернет.
GSM Модем
GSM Модем модел S130
– Напојување: Адаптер 12 V DC /1.5A Опсег 9-36V DC
– Потрошувачка на електрична енергија: Standby 12V/70 mA, Max 12V/300 mA
– Фрекфенција: 850/900/1800/1900 MHz,3G, 4G и NB-IoT
– SIM Интерфејс: 3V SIM картица
– Антена: SMA Antenna Interface, 50 Ohm, Gain: 3 dB
– Сериски Интерфејс: 1 USB Порта
– Протокол: SMS
– Дигитални влезови: 2 (0-0.5 V DC- Отворен /3-30 V DC затворен)
– Дигитални излези: 2 (240 V AC, 3A)
– Излез за напојување: 1 (9-36 V DC за надворешен уред)
– Backup батерија: 3.7 V, 1200 mAh
– Димензии (ШxДxВ): 70 x 30 x 88 mm
