За Нас

Профил

АЛЕС е компанија на пазарот која со својата долгогодишна професионалност нуди листа на производи и услуги од областа на електромашинската индустрија. Tрите столба на кои се темели работата на компанијата се: производство, инженеринг, и автоматика.
Основана 1992 година во Скопје, најпрвo компанијата започнува да работи во делот на инженеринг кој опфаќа проектирање и изведба на јакострујни електрични инсталации за деловни, станбено-деловни и индустриски објекти согласно нормативите и стандардите за проектирање и изведба како и консултантски услуги при проектирањето и изведбата на инсталацииите. Со своето долгогодишно искуство “АЛЕС” ја нуди оваа услуга професионално спрема највисоките стандарди, а тоа може да се докаже и со голем број на успешни проекти, реализирани цели и постојано напредување и усовршување.
Со развојот на технологијата и автоматизацијата на системите, нашата компанија уште во првите години од формирањето почна да работи во полето на автоматиката, односно во делот на автоматизација и визуелизација на индустриските процеси, производствените машини и системите за греење, ладење и вентилација. „АЛЕС“ извршува изработка на системите за автоматско управување кои што вклучуваат програмирање на програмабилни логички управувачи и изработка на кориснички интерфејс (HMI-Human Machine Interface и SCADA-Supervisory Control and Data Acquisition).
Во 2004 година како резултат на долгогодишно искуство во електро индустријата и долгогодишната соработка со компании од машинската индустрија компанијата одлучува да се прошири со работен погон со површина од 600 m2 кој се состои од производен и магацински простор и опфаќа производство на:

• Електрични системи за греење (електрични котли) за станбени и деловни објекти
• Електрични системи за греење (електрични котли) за индустриски објекти
• Електрични канални грејачи за системи за вентилација
• Разводни ормари за електрични инсталации

Производните процеси се состојат од:

1. Процес на припрема и обработка на лим (изработка на полупроизвод)
• Обработка и сечење на лим
• Виткање на лим
• Заварување на лим и
• Електростатско прашкасто боење на лим
2. Процес на инсталација и проверка на електрични и машински елементи (добивање на готов производ)
• Инсталација на електрични елементи
• Инсталација на машински елементи
• Проверка на функционалноста на електричните и машинските елементи

Уште од самиот почеток компанијата е комплетно фокусирана кон принципот за квалитет на производите и услугите како и највисоко ниво на почитување кон партнерите и клиентите. Нешто кое придонесе таа да се одржи како препознатлива на пазарот и покрај силната конкуренција.
Компанијата располага со современо обучен кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет, како и добро обучени извршители со квалификации по соодветни фази на работа.

Квалитетот на прво Место!