Производство
Во 2004 година како резултат на долгогодишно искуство во електро индустријата и долгогодишната соработка со компании од машинската индустрија компанијата одлучува да се прошири со работен погон со површина од 600 m² кој се состои од производствен и магацински простор и опфаќа производство на:
• Електрични системи за греење (електрични котли) за станбени и деловни објекти
• Електрични системи за греење (електрични котли) за индустриски објекти
• Електрични канални грејачи за системи за вентилација
• Разводни ормари за електрични инсталации
Производните процеси се состојат од:
1. Процес на припрема и обработка на лим (изработка на полупроизвод)
• Обработка и сечење на лим
• Виткање на лим
• Заварување на лим и
• Електростатско прашкасто боење на лим
2. Процес на инсталација и проверка на електрични и машински елементи (добивање на готов производ)
• Инсталација на електрични елементи
• Инсталација на машински елементи
• Проверка на функционалноста на електричните и машинските елементи
Уште од самиот почеток компанијата е комплетно фокусирана кон принципот за квалитет на производите и услугите како и највисоко ниво на почитување кон партнерите и клиентите. Нешто кое придонесе таа да се одржи како препознатлива на пазарот и покрај силната конкуренција.
