АЛЕС врши производство на разводни ормари со различни димензии, во зависност од барањата на инвеститорот. Тие се наменети за нисконапонски мрежи и се изработуваат од двапати декапиран лим заштитени со електростатско фарбање со различни нијанси на ваше барање. Може да бидат слободностоечки поставени на фундамент, поставени на ѕид или во ѕид. Се произведуваат два типа на разводни ормари и тоа:

1. Мерни ормари
2. Индустриски ормари

Разводни Ормари

Мерни ормари

– Тип на инсталација: слободностоечки поставени на фундамент, на ѕид или во ѕид
– Начин на заклучување: брава со клуч
– Материјал: електростатски офарбан лим
– Степен на заштита: IP 43
– Наменет за внатрешна монтажа 
– Изработка со димензии по ваше барање 
– Се состојат од 3 дела:
1. Долен дел во кој се сместуваат собирници за три фази, нула и главен прекинувач
2. Среден дел во кој се сместуваат броила
3. Горен дел во кој се сместуваат осигурувачи

Индустриски ормари

– Тип на инсталација: слободностоечки поставени на фундамент, на ѕид или во ѕид
– Начин на заклучување: брава со клуч
– Материјал: електростатски офарбан лим
– Степен на заштита: IP 43
– Наменет за внатрешна монтажа 
– Изработка со димензии по ваше барање 
– Во зависност од нивната намена може да се состојат од неколку делови:
1. Дел за осигурувачи, контактори, мотор заштитни склопки итн.
2. Дел за фрекфентни регулатори опремен со вентилатори и решетки за ладење
3. Дел за програмабилни логички управувачи опремен со вентилатори и решетки за ладење