Индустриски Процеси​

Автоматизација на процесите игра важна улога во сите индустриски гранки се со цел да се намали времето кое е потребно да се произведе еден производ, да се подобри неговиот квалитет и да се намалат трошоците. Многу значаен аспект е можноста со автоматизацијата да се обезбеди висок степен на сигурност за квалитет на производот, според претходно дефинирани карактеристики и степен на квалитет, со што секундарно се постигнува поголема економичност и задоволување на регулативите на регулаторните тела. „АЛЕС“ нуди целосни решенија од аспект на проектирање и изведба на автоматизација на индустриски системи, Овој процес опфаќа: изработка на идејно решение, изработка на основен проект, програмирање на програмибилни логички управувачи (PLC), визуелизација и изработка на кориснички интерфејс (SCADA) и комплетна изведба на проектот. На крајот проектот се финализира со комплетна функционална проверка на опремата, пуштање во работа,  валидација на системот како и сеопфатна обука за негово користење. Компетитивна стручност и темелна посветеност при работата се императив кога е во прашање нашиот клиент.

Проектирање

  • Спецификација на Функции
    – Архитектура на систем
    – Функционалност
    – Податоци
    – Интерфејс на систем
    – Капацитет на систем
  • Дизајн на Хардвер
    – Еднополни шеми
    – I/O Листа
    – Листа на опрема
    – Листа на кабли
  • Дизајн на Софтвер
    – Изработка на софтвер за управување (PLC)
    – Изработка на софтвер за визуелизација (SCADA)

Изведба

  • Производство и изведба на разводни ормари
  • Изведба на електрични инсталации

Пуштање во Работа & Валидација

  • Проверка на функционалност на систем
    – Тестирање на инсталирани елементи и опрема
    – Тестирање на I/O сигнали
    – Тестирање на работа на систем
  • Пуштање во работа
    – Подесување на параметри за оптимален старт на работа
    – „As Built“ документација (изведбен проект)
  • Валидација
    – Инсталациона Квалификација (Installation Qualification)
    – Оперативна Квалификација (Operational Qualification)
    – Перформансна Квалификација (Performance Qualification)

Обука

  • Обука на клиентите за работа со системот
    – Изработка на упатства за работа и Go Live обуки