Нашата компанијата најпрвин започнува да работи во делот на инженеринг кој опфаќа проектирање и изведба на јакострујни електрични инсталации за деловни, станбено-деловни и индустриски објекти согласно нормативите и стандардите за проектирање и изведба како и консултантски услуги при проектирањето и изведбата на инсталацииите. Исто така ги проширивме своите услуги и во делот на проектирање и изведба на фотонапонски централи од тип grid-tide, grid/hybrid и off-grid. Со своето долгогодишно искуство “АЛЕС” ги нуди овие услуги професионално спрема највисоките стандарди, а тоа може да се докаже и со голем број на успешни проекти, реализирани цели и постојано напредување и усовршување. Компанијата располага со современо обучен кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет, како и добро обучени извршители со квалификации по соодветни фази на работа кои поседуваат Овластување Б за изработка на проектна документација од областа на електротехника и Овластување Б за инженер за изведба. Со посебен осврт на здравството и фармацевтската индустрија ние може да понудиме целосно решение од проектирање до изведба на јакострујни електрични инсталации и автоматизација на процеси во согласност со Добрата Производна Пракса (Good Manufacturing Practice).