МОНОБЛОК серијата електрични котли се произведуваат со моќност од 6 kW до 27 kW. Овој тип на електрични котли има пумпа, лонче за обезвоздушување, сигурносен вентил, вентили за влез и излез на вода и тристепен регулационен термостат кој ги вклучува и исклучува степенасто греjачите во зависност од постигнатата температура. Tие се користат како основен или помошен извор на енергија за станбени, деловни и индустриски објекти. Овој тип на електрични котли се монтира на ѕид и изводите за хидро инсталацијата се во десниот дел на долната страна, но по избор на инсталатерот (по нарачка) тие може да се произведат и во левиот дел на долната страна. Тие се произведуваат со простор за колектори се со цел целата инсталација да биде сместена во еден ормар (касета).
Моноблок за на ѕид (со простор за колектори)
– Моќност: 6 kW – 27 kW
– Напон: 380 V AC, 50 Hz
– Број на степени на моќност: 6,8 и 9 kW – еден, 12-27 kW – три
– Максимален дозволен работен притисок: 2.2 bar
– Минимален дозволен работен притисок: 1.2 bar
– Сигурносен вентил: 3 bar
– Максимална дозволена температура: 80 °C
– Приклучок на влез и излез на вода: 6-18 kW – 1″, 24 и 27 kW – 5/4″
– Степен на корисно дејство: 99%
– Степен на заштита: IP 40
– Димензии (ШхДхВ): 475 х 215 х 1100 mm
