Сертификати

Квалитетот на прво место!

Уште од самите почетоци кога компанијата започнува да работи во делот на инженеринг кој опфаќа проектирање и изведба на јакострујни електрични инсталации за деловни, станбено-деловни и индустриски објекти согласно нормативите и стандардите за проектирање и изведба како и консултантски услуги при проектирањето и изведбата на инсталацииите таа се здобива со Лиценца Б за проектирање на градби од трета,четврта и петта категорија и Лиценца Д за изведувач на градби од четврта категорија. Во 2004 година кога компанијата се проширува со работен погон кој се состои од производствен и магацински простор и опфаќа производство на електрични системи за греење (електрични котли) за станбени, деловни и индустриски објекти АЛЕС се здобива и со Атест за своите производи издаден од Факултет за електротехника и информациски технологии. Компанијата располага со современо обучен кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет, како и добро обучени извршители со квалификации по соодветни фази на работа кои поседуваат Овластување Б за изработка на проектна документација од областа на електротехника и Овластување Б за инженер за изведба.