Индустриски Процеси
Автоматизација на процесите игра важна улога во сите индустриски гранки се со цел да се намали времето кое е потребно да се произведе еден производ, да се подобри неговиот квалитет и да се намалат трошоците. Многу значаен аспект е можноста со автоматизацијата да се обезбеди висок степен на сигурност за квалитет на производот, според претходно дефинирани карактеристики и степен на квалитет, со што секундарно се постигнува поголема економичност и задоволување на регулативите на регулаторните тела. „АЛЕС“ нуди целосни решенија од аспект на проектирање и изведба на автоматизација на индустриски системи, Овој процес опфаќа: изработка на идејно решение, изработка на основен проект, програмирање на програмибилни логички управувачи (PLC), визуелизација и изработка на кориснички интерфејс (SCADA) и комплетна изведба на проектот. На крајот проектот се финализира со комплетна функционална проверка на опремата, пуштање во работа, валидација на системот како и сеопфатна обука за негово користење. Компетитивна стручност и темелна посветеност при работата се императив кога е во прашање нашиот клиент.
Проектирање
- Спецификација на Функции
– Архитектура на систем
– Функционалност
– Податоци
– Интерфејс на систем
– Капацитет на систем
- Дизајн на Хардвер
– Еднополни шеми
– I/O Листа
– Листа на опрема
– Листа на кабли
- Дизајн на Софтвер
– Изработка на софтвер за управување (PLC)
– Изработка на софтвер за визуелизација (SCADA)
Изведба
- Производство и изведба на разводни ормари
- Изведба на електрични инсталации
Пуштање во Работа & Валидација
- Проверка на функционалност на систем
– Тестирање на инсталирани елементи и опрема
– Тестирање на I/O сигнали
– Тестирање на работа на систем
- Пуштање во работа
– Подесување на параметри за оптимален старт на работа
– „As Built“ документација (изведбен проект)
- Валидација
– Инсталациона Квалификација (Installation Qualification)
– Оперативна Квалификација (Operational Qualification)
– Перформансна Квалификација (Performance Qualification)
Обука
- Обука на клиентите за работа со системот
– Изработка на упатства за работа и Go Live обуки
