Оваа серијата електрични котли се произведуваат со моќност од 36 kW до 250 kW и имаат четиристепен регулационен термостат, кој ги вклучува и исклучува степенасто греjачите во зависност од постигнатата температура. Тие се слободностоечки со сопствени ногари и изводите за хидро инсталацијата може да бидат од лева, десна или долна страна во зависност од типот на монтажа. Tие се користат како основен или помошен извор на енергија за индустриски објекти, деловни објекти и рекреативни центри. Овој тип на електрични котли се изработуваат по нарачка.

36 – 250 kW

– Моќност: 36 kW – 250 kW
– Напон: 380 V AC, 50 Hz
– Број на степени на моќност: четири
– Максимален дозволен работен притисок: 3 bar 
– Минимален дозволен работен притисок: 1.2 bar
– Максимална дозволена температура: 80 °C
– Степен на корисно дејство: 99%
– Степен на заштита: IP 40