МОНОБЛОК серијата електрични котли се произведуваат со моќност од 6 kW до 27 kW. Овој тип на електрични котли има пумпа, лонче за обезвоздушување, сигурносен вентил, вентили за влез и излез на вода и тристепен регулационен термостат кој ги вклучува и исклучува степенасто греjачите во зависност од постигнатата температура.
Tие се користат како основен или помошен извор на енергија за станбени, деловни и индустриски објекти. Овој тип на електрични котли се монтира на ѕид и изводите за хидро инсталацијата сe во десниот дел на долната страна. Доколку е потребно тие да бидат во левиот дел од долната страна, тогаш можат да се произведат и како таков тип по нарачка.

Моноблок за на ѕид 

– Моќност: 6 kW – 27 kW
– Напон: 380 V AC, 50 Hz
– Број на степени на моќност: 6,8 и 9 kW – еден, 12-27 kW – три
– Максимален дозволен работен притисок: 2.2 bar 
– Минимален дозволен работен притисок: 1.2 bar
– Сигурносен вентил: 3 bar
– Максимална дозволена температура: 80 °C
– Приклучок на влез и излез на вода: 6-18 kW – 1″, 24 и 27 kW – 5/4″ 
– Степен на корисно дејство: 99%
– Степен на заштита: IP 40
– Димензии (ШхДхВ): 460 х 210 х 800 mm