Електричниот систем за греење (електричен котел) се користи како основен или помошен извор на енергија за станбени, деловни и индустриски објекти. Тој обезбедува централно греење како и другите типови на котли со таа разлика што тој не согорува гориво како што е гас или екстра лесно. Секаде каде што не постои инфраструктура за централно греење или греење на природен гас многу брзо и лесно може да се искористат неговите предности, односно да се врши загревање на објектот користејќи електрична енергија. Како додатоци за електрични котли може да се користат дигитален неделен термостат, smartphone термостат, GSM модем и капиларен термостат каде вие може да го загревате вашиот дом само кога е потребно, односно во зависност од вашиот променлив распоред. „АЛЕС“ произведува електрични котли со различна моќност од 6 kW до 250 kW како и електрични котли (по нарачка) со поголеми моќности или пак со димензии и типови на монтажа различни од стандадното производство. Електричните котли се произведуваат согласно сите важечки Европски Регулативи и сите елементи кои се вградени во нив се од реномирани домашни и европски производители. Нашите типови на електрични котли се:
1. Стандард
2. Моноблок
3. 36 kW -250 kW