Дигиталниот неделен термостат претставува програмабилен уред за контрола на системите за греење и ладење се со цел да се одржува температурата во просторот во дефинирани граници и во точно дефинирани периоди од денот. Тој може да се подеси да го вклучува/ исклучува греењето или ладењето за секој ден од неделата на различна дефинирана температура. Функциите се прикажуваат на LED екран со позадинско светло и се подесува преку копчињата на неговата предна страна. Има три типа на дигитални неделни термостати: жичани, бежични (wireless) и бежични со OpenTherm комуникација. Кај бежичните дигитални неделни термостати не постојат жици помеѓу термостатот и системот за греење.

Дигитален неделен термостат

Жичен дигитален неделен термостат модел 091FL

– Програмабилни 7 дена
– LCD дисплеј со позадинско светло
– Мод за греење/ладење
– Точност на температура: 0.2 °C
– Безнапонски контакти
– Рачна команда за вклучување/исклучување
– Напојување: 2 x AA батерии
– Температурен опсег: 5 – 30 °C
– Димензии (ШxДxВ): 154 x 30 x 80 mm

Бежичен дигитален неделен термостат модел 091FLRF

– Програмабилни 7 дена
– LCD дисплеј со позадинско светло
– Мод за греење/ладење
– Точност на температура: 0.2 °C 
– Рачна команда за вклучување/исклучување
– Фрекфенција 868 MHz (до 60 m во отворен простор)
– Напојување термостат: 2 x AA батерии
– Напојување ресивер: 230V AC, 50 Hz, 16 (5) A
– Влез/Излез: 0-230V
– Температурен опсег: 5 – 30 °C
– Димензии термостат (ШxДxВ): 154 x 30 x 80 mm
– Димензии ресивер (ШxДxВ): 129 x 35 x 97 mm

Бежичен дигитален неделен термостат со OpenTherm комуникација  модел RT520RF

– OpenTherm комуникација (ОТ+4.0) претставува двонасочна комуникација помеѓу електричниот котел и термостатот. Термостатот ја регулира моќноста на електричниот котел се со цел да се постигне максимална ефикасност и комфор, автоматски го детектира ОТ+ протоколот како и ги прикажува алармите кои се појавуваат на електричниот котел
– Вграден TPI алгоритам за подно греење, радијаторско греење или електрично греење
– Функција за оптимално вклучување/исклучување се со цел прецизно да се одржува подесената температура
– Програмабилни 7 дена
– LCD дисплеј со позадинско светло
– Фрекфенција 868 MHz (до 100 m во отворен простор, 35 m во објект)
– Мод за греење/ладење
– Сервис мод со PIN код
– Точност на температура: 0.1 °C 
– Рачна команда за вклучување/исклучување
– Напојување термостат: 2 x AA батерии
– Напојување ресивер: 230V AC, 50 Hz, 16 (5) A
– Излез: NO/COM или OpenTherm
– Температурен опсег: 5 – 33.5 °C
– Димензии термостат (ШxДxВ): 118 x 26 x 95 mm
– Димензии ресивер (ШxДxВ): 96 x 27 x 96 mm