Производство

Во 2004 година како резултат на долгогодишно искуство во електро индустријата и долгогодишната соработка со компании од машинската индустрија компанијата одлучува да се прошири со работен погон со површина од 600 m² кој се состои од производствен и магацински простор и опфаќа производство на:

• Електрични системи за греење (електрични котли) за станбени и деловни објекти 
• Електрични системи за греење (електрични котли) за индустриски објекти 
• Електрични канални грејачи за системи за вентилација 
• Разводни ормари за електрични инсталации 

Производните процеси се состојат од:

1. Процес на припрема и обработка на лим (изработка на полупроизвод)
• Обработка и сечење на лим
• Виткање на лим
• Заварување на лим и
• Електростатско прашкасто боење на лим

2. Процес на инсталација и проверка на електрични и машински елементи (добивање на готов производ)
• Инсталација на електрични елементи
• Инсталација на машински елементи
• Проверка на функционалноста на електричните и машинските елементи

Уште од самиот почеток компанијата е комплетно фокусирана кон принципот за квалитет на производите и услугите како и највисоко ниво на почитување кон партнерите и клиентите. Нешто кое придонесе таа да се одржи како препознатлива на пазарот и покрај силната конкуренција.

Електрични котли

  • Стандард
  • Моноблок за на ѕид 
  • Моноблок за на ѕид (со простор за колектори)
  • Моноблок за во ѕид (со простор за колектори)
  • 36 – 250 kW

Термостати

  • Дигитален неделен термостат
  • Smartphone термостат
  • GSM модем
  • Капиларен термостат

Електрични Канални Грејачи

  • Цевкасти канални грејачи
  • Оребрени канални грејачи

Разводни Ормари

  • Индустриски ормари 
  • Мерни Ормари 

Грејачи за Бојлери

  • 9 kW (3 x 3 kW)